Tuesday, March 1, 2011

Културни знаменитости

 Како населба со претежно христијанско православно население Општината Ѓорче Петров обилува со споменици од христијанска култура.
  • Храмот “Св.Апостоли Петар и Павле”, што се наоѓа во населбата Ѓорче Петров, како соборен храм на верници од Општина Ѓорче Петров и на дел од Општина Карпош (Влае). Овој храм е првично изграден и осветен летото 1974 година на храмовиот празник - Петровден. Но заради лошата изведба и несоодветниот изглед, се јави потреба за негово реконструирање. Конечно во летото 2002 година Храмот беше реконструиран. Новиот изглед на грамот е со византиско-старомакедонски стил, со фасада изработена од камен и со нови 4 куполи. Сегашниот изглед на храмот “Св.Апостоли Петар и Павле” - Ѓорче Петров е уште еден бисер во македонската духовна архитектура.
  • Во населбата Оризари во исто време, во 2002 година беше изградена црквата “Св.Атанасиј Велики” од рацете на истите мајстори, со ист стил, но во помали размери.
  • Над с.Ново Село постои црква посветена на “Св.Архангел Гаврил”, изградена при крајот на 20-ттиот век.
  • Во с. Волково во ист двор постојат црквите “Св.Атанасиј Велики” и “Св.Петка”, исто изградени во 20-ттиот век.
  • Во месноста Стопански Двор има манастир, во чијашто внатрешност извира минерална вода, а се нарекува “Пресвета Богородица”.
  • Во с.Орман има црква со име “Св 40 маченици во Севастија “(Младенци)”, што е една од ретките цркви во Македонија, посветен на овој христијански празник.
  • Селото Кучково изобилува со манастири, цркви и параклиси. Секако најзнаменит, но и најстар манастир во целата територија на Општина Ѓорче Петров, е манастирот “Св.Георгиј Победоносец”. Впечатливо е фрескното-сликарство на ѕидовите од црквата.
  • Во самото село Кучково постои црквата “Св.Спас-Вознесение Христово” изградена меѓу 17-от и 18-от век, а реновирана по Балканските војни, 1912/13 година.
  • Над селото, со прекрасен поглед врз Скопје и Скопската котлина, се наоѓа манастирот “Св.Великомаченик Трифун”, изграден во 19-от век, каде што традиционално градоначалникот на Град Скопје ги закројува лозите на истоимениот праник.
  • Во околината на селото постои и црква “Св.Петка”. Исто така, под селото од неговата десна страна во поново време се направени повеќе параклиси посветени на разни Светители.
  • Споменик на патронот на општината Ѓорче Петров кој се наоѓа во централнит дел на реонскиот централен парк, кој во последниве години е збогатен со многу содржини.
  • Споменик на паднатите борци од 1941 -1945 година. Лоциран во Паркот во Ѓорче Петров. Споменикот е изграден по повод смртта на погинатите борци од НОБ. На овој Споменик секоја година секоја година разни здруженија, граѓани, асоцијации и Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров положуваат свежо цвеќе во чест и спомен на паднатите борци.
  • Спомен чешма на паднатите борци од војната во 2001 година. Четворица млади борци ги дадоа своите животи и по иницијатива на граѓаните е изградена оваа Спомен чешма. Исто така има и спомен плоча која се наоѓа во с. Волково во чест на четворицата загинати борци кои своите живот ги загубија во меѓуетничкиот конфликт на 10 август 2001 година.

No comments:

Post a Comment